Ѓоковиќ далеку пред Надал, наскоро „паѓаат“ Сампрас и Федерер!
Најдобриот тенисер на светот и натаму е водечки на најновата АТП листа, каде ќе остане сигурно барем до 12 октомври. Новак Ѓоковиќ со освојувањето на Мастерс турнирот во Синсинати (САД) за уште 640 бодови ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Рафаел Надал.
Србинот на најновата листа има 1010 бодови повеќе од Шпанецот, а можно е уште повеќе да биде зголемена предноста доколку го освои и грен слем турнирот „УС Опен“ кој официјално денеска стартува со првите мечеви.
Ноле е моментно прв со 10860 бодови, пред Рафа (9850), третопласиран е Австриецот Доминик Тим (7135), а на четвртата позиција е Рожер Федерер (Швајцарија) со 6630 бодови.
Воедно се очекува да го престигне легендарниот Пит Сампрас на второто место на вечната ранг листа по бројот на поминати недели на чело на АТП листата.
Американецот на првата позиција беше 286 недели, а Ѓоковиќ на 21 септември 2020 година би требало да ја почне и 287 недела. Доколку Србинот остане на првото место до 1 март 2021 година, би се израмнил со рекордот на Федерер од 310 недели.