Ѓоковиќ без мака во четвртфиналето во Рим

Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Рим откако во дуелот со Шпанецот Алехандро Давидович Фокина загуби само три гема.
Првиот носител на Мастерсот во Рим одигра одличен меч и со совлада Фокина со 6:2,6:1.
Во првиот меѓусебен дуел меѓу овие двајца тенисери, неизвесноста беше присутна само на почетокот кога Шпанецот имаше 2:2, потоа на теренот доминираше Ѓоковиќ кој ги освои наредните четири гема и со тоа дојде до водство од 1:0 во сетови.
Српскиот тенисер беше уште поубедлив во вториот сет, направи два брејка и поведе со 5:0 со што беа решени сите дилеми. Фокина едиствено што успеа да направи до крајот е да освои барем еден гем на свој сервис.
Во четвртфиналето, Ѓоковиќ го очекува подобриот од дуелот помеѓу Стефанос Циципас и Матео Беретини.