Ѓоковиќ беше во пензија – цели 10 дена

Српскиот тенисер му соопштил на семејството дека ја завршува кариерата по тешкиот пораз на Мастерсот во Мајами пред две години, откри неговата сопруга Јелена.

Новак Ѓоковиќ во 2018 година имаше тежок кам-бек на тениските терени по операцијата на лакотот. На Австралија Опен стигна до четвртфиналети, а потоа на мастерсите во Индијан Велс и Мајами, беше елиминиран во првите натпревари.

– Тогаш ми рече дека го напушта тенисот. Доживеа тежок пораз во Мајами, не собра сите и ни порача дека заврши. Дури му рече на менаџерот Едоардо да разговара со спонзорите бидејќи сака ситуацијата да биде јасна за сите и дека не знае дали прекинува со тенисот на шест месеци, на една година или засекогаш. Сите плачевме, му рековме дека се уште не е време за такво нешто – открива Јелена Ѓоковиќ.

Веднаш по елиминацијата во Мајами, целото семејство Ѓоковиќ замина на одмор, каде донесе нова одлука.

– Кога Новаќ одлучи дека не сака повеќе да игра тенис, тоа значи дека не сакаше ниту да гледа тенис на ТВ екраните, не сакаше да има никаква врска со тоа. Но, јас сакав да играм и ги носев децата на терен да играме. Веќе на третиот или четвртиот ден се појави и Новак, јас и синот Стефан се забавувавме, а Новак виде колку уживаме во нашата игра и не праша дали може и тој да добие рекет. Му реков дека не може бидејќи заврши со тенисот, го задевав. Но, Стефан го викна и тогаш повторно сфати дека добро се чувствува на теренот. На последниот ден од одморот беше подготвен да се врати на тенисот. Тогаш ми рече, ќе го повикам Маријан Вајда и ќе го прашам дали може повторно да ми биде тренер. Едноставно сакаше пребрзо да се врати и поради тоа паѓаше. Но, Новак е како феникс кој повторно најде мотивација. Изгуби се за да игради нува кула – вели Јелена.

Враќањето на Ѓоковиќ по лошиот почеток на 2018 година беше неверојатно, успеа да триумфира на Вимблдон и на УС Опен како и на Мастерсите во Синсинати и Шангај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот