Ѓока после „петардата“: Ова е Шкендија која сите сакаме да ја видиме!

Фото: kfshkendija.com

Денеска во 14 коло од Првата лига екипата на Шкендија им се врати на лигашките победи, откако на домашен терен со 5:0 триумфираше над Македонија ЃП.

Тетовските „црвено-црни“ покажуваат зошто се едни од најголемите кандидати за титулата оваа сезона во нашиот фудбалски шампионат.

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока е задоволен од денешната победа која се враќа во вистински момент:

ПФЛ: Шкендија со петка ги почести „лавовите“ во дербито

– Ова е Шкендија која сите сакаме да ја видиме, беше денот да им се вратиме на победите. Денешниот противник Македонија ЃП има многу добра сезона. Среќен сум што реализиравме голови со сите играчи во напаѓачката фаза – рече Ѓока после дуелот со ѓорчепетровци.

Во наредната рунда Шкендија ќе гостува кај велешки Борец кој славеше над Струга Трим Лум со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот