Ѓока нов тренер на Шкендија

фото: фк шкендија

Екипата на Шкендија денеска го промовира својот трет тренер оваа сезона, Албанецот Ернест Ѓока од кого се очекува да ги врати тетовци во трката за титулата. Моментно Шкендија по девет кола има само 11 бодово, дури девет помалку од лидерот Вардар.

– Доаѓам во клуб како Шкендија, кој пред сè е професионален, многу внимателно изграден и моите први впечатоци се дека е многу добар и мислам дека таквите впечатоци ќе останат и кога ќе продолжам да работам тука. Подготвен сум за предизвикот, бидејќи знам дека Шкендија сака сè да освои. Знам дека Шкендија сака успеси постојано, да биде првак, да игра во групи во Лигата на Европа, па дури и да брка место во Лигата на шампионите – изјави Ѓока на промоцијата.

Ѓока во Шкендија доаѓа на местото на Ерхан Селими, кој беше привремено решение по заминувањето на Ќатип Османи. Албанецот Ѓока претходно има работено во Влазнија, Камза, Фљамуртари, Томори, Аполонијана, а во последниот ангажман како тренер на Кукс, освои две титули и еден Суперкуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот