Ѓока: Мотивиран што ќе се соочам против еден од најдобрите тренери во светот!

Фото: kfshkendija.com

Тетовските „црвено-црни“ утре ќе се обидат да направат изненадување во третото квалификациско коло на Лига Европа и повторно во нивната клупска историја се најдат на само еден чекор од групна фаза во ова натпреварување.

Тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока со нетрпение го очекува натпреварот в четврток (24 септември) против Тотенхем од 20.00 часот на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје.

– Чувствувам мотивација, задоволство што ќе се соочиме со клуб како Тотенхем, како и јас кој професионално ќе се соочам против еден од најдобрите тренери во светот, Жозе Мурињо.

Има моменти кога не е важно колку си голем, туку колку далеку имаш желба да одиш, да го дадеш најдоброто на теренот – вели тренерот на Шкендија, Ѓока.

Потсетување дека во првите две квалификациски кола македонскиот претставник како гостин ги елиминираше Сумгајот од Азербејџан (0:2) и романскиот Ботошани (0:1), додека премиерлигашот од Лондон во Бугарија со 1:2 триумфираше над Локомотив Пловдив во второто квалификациско коло на ЛЕ.

Мурињо пред Шкендија: Ваквите мечеви се потешки од оние во групната фаза!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот