Ѓока: Горд сум на играчите, на моменти бевме и подобри од Тотенхем!

Шкендија не ја продолжи успешната традиција и за првпат во својата клупска историја е елиминирана во третото квалификациско коло на Лига Европа.

Тотенхем се покажа како посилен ривал и со победата од 1:3 на Националната арена „Тодор Проески“ ќе игра во плеј-офот против Макаби Хаифа од Израел.

Тренерот на тетовските „црвено-црни“, Ернест Ѓока не е разочаран од елиминацијата, тој е горд на своите играчи кои според него во одредени моменти од дуелот беа и подобри од премиерлигашкиот гигант.

– Имавме еден добар меч, и покрај елиминацијата задоволен сум од моите фудбалери и горд сум на нив. Не е лесно да се игра против екипа како Тотенхем. Дури и на моменти моменти бевме подобар противник на теренот. Добро се движевме, имавме и неколку шанси за реализација – вели стратегот на Шкендија, Ѓока.

Прочитајте и...  Обложувалниците го предвидуваат новиот шампион во Лига Европа!

Македонскиот претставник го заврши европското лето со две победи и еден порази, претходно триумфираше во Азербеџајн и Романија против Сумгајит (0:2) и Ботошани (0:1).

Мурињо: Го почувствуваме стравот од Шкендија, замените ја направија разликата!

Поврзани вести

Игравме див фудбал, но најважна е победата

Слободен печат

Бурно е во „кралскиот“ клуб, Перез во соблекувалната му дал ултиматум на тренерот Зидан

Слободен печат

Синот на легендарниот Турам преку Гугл го докажувал идентитетот на редарите пред „Џузепе Меаца“

Слободен печат

ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

Слободен печат

ВИДЕО: Фантастичното лево крило на Металург во Топ 5 голови на Лига Европа!

Слободен печат

Модриќ: Не го потценивме Шахтјор, одигравме добро, но не беше доволно!

Слободен печат

Остави Коментар