Ѓока: Добро го проучивме противникот

фото: ФК Шкендија

Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ернест Ѓока изрази задоволство од прикажаното на неговите избраници и победата со 2:0 на гостувањето во Азербејџан против Сумгаит.

– Мислам дека го постигнавме она за што бевме уверени дека ќе го сториме. Добро го проучивме противникот, ги знаевме предностите и неговите слаби страни. Сакавме комплетно да ги изолираме силните точки на противникот, особено нивната фаза во нападот и мислам дека тоа беше пресудно. Тие се квалитетен тим, но мислам дека им недостасува само искуството во Европа, она што го има Шкендија – изјави Ѓока.

Следниот ривал Шкендија ќе го дознае на 31 август за кога е закажана ждрепката за 2. коло.
Покрај Шкендија пласман во второто коло од квалификациите на Лига Европа, обезбеди и Ренова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот