Гога Секулиќ: Да не беа болките во грбот и Василиј, немаше да престанам со силиконите

Фотографија: Принтскрин

Пејачката Гога Секулиќ требаше оваа есен да направи на корекција за градите, но таа интервенција ја помести за февруари. Наводно, пејачката трпи болки во грбот поради големиот обем на нејзините гради, па морала да ја одложи оваа интервенција поради многубројните обврски.

View this post on Instagram

❤️

A post shared by Goga Sekulic (@sekulicgoga) on

„Гога веќе две години има проблеми со силиконските гради. Од 2017 година започна да чувствува болка во грбот поради големиот обем на нејзините гради, поради тоа лекарите уште тогаш и предложиле да ги намали имплантите со број 5 во помали, за да ѝ се намалат болките. Гога поради работата го одложуваше тој процес, потоа настапи бременоста, па се реши кога ќе се породи да го изрегулира тоа. Таа планирала периодов тоа да го изрегулира, но поради работни обврски повторно ја помести операцијата за наредна година. Гога најверојатно во февруари ќе ги замени силиконите во градите и едвај чека да се ослободи од болките во грбот и кичмата. Исто така, таа смета дека големите гради повеќе не и прилегаат и дека со нив изгледа дегутантно“, наведува извор близок на пејачката.

Принтскрин

Секулиќ исто така ја потврдила изјавата за поместување на операцијата.

„Ја поместив за февруари или март наредната година. Ме боли грбот, но не можам да стигнам сега тоа да го завршам. Имам многу обврски околу бебето, а имам и деловни обврски. Баш сум во хаос“, изјавила Гога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот