Годишнина од првиот смртен случај: Њујорк оддаде почит на околу 30.000 починати лица од ковид-19

Фото: EPA-EFE/KEVIN HAGEN / POOL

На Бруклинскиот мост во Њујорк синоќа беше одбележана една година од првиот смртен случај од ковид-19 и беше одржан виртуелен помен за околу 30.000 жртви во пандемијата во градот.

Церемонијата почна со настап на Њујоршката филхармонија, а цело време беа проектирани фотографии на жителите на Њујорк кои го загубија животот во пандемијата.

Градоначалникот Бил де Блазио изјави дека бројот на жртви од ковид-19 во Њујорк е поголем од изгубените животи во Втората светска војна, во Виетнам, во терористичките напади од 11 септември и во ураганот „Сенди“ заедно.

Според научниците, вирусот повеќе недели циркулирал во Њујорк, пред 2 март во 2020 година кога беше потврден првиот случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот