Годишна конференција „Фискални реформи за праведен раст”

фото: МИА

По повод денот на Буџетот, денеска во Собранието ќе се одржи годишна конференција на тема „Фискални реформи за праведен раст”.

Најавено е обраќање на министерот за финансии Драган Тевдовски и на евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Во рамки на конференцијата ќе се одржи панел дискусија на која ќе учествуваат министерот Тевдовски, постојаниот претставник на ММФ за Србија и Северна Македонија, Себастијан Соса, менаџерот за макроекономија, трговија и инвестиции на Светска банка за Европа и Централна Азија, Галина Андронова и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Абдулменаф Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот