Годишна изложба на студентите на институтот за мода „Изет Цури“

Во петок, на 28 јуни, во 19 часот, во изложбениот простор на Даут-Пашиниот амам во Скопје традиционално ќе се одржи отворањето на четвртата годишна изложба на модни креации во организација на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури” од Скопје.

На изложбата, која оваа година ќе се одржи под насловот „La Parisienne”, ќе бидат претставени триесетина модни креации, дизајнирани и изработени од студентите по моделизам и стилизам од оваа школа, a под менторство на г. Изет Цури од Париз и на предавачите: Проф. Лазе Трипков, Проф.Dominique Brunet, Проф.Елена Вангеловска, и Проф.Никола Ефтимов. Исто така ќе бидат изложени и креации од дизајнерски имиња ја кои минале едукацијата на оваа школа.

На најважниот настан во годината на студентите ќе им бидат доделени сертификати за годишно постигнување и успех додека пак, еден од најголемите соработници Францускиот институт во Скопје ќе додели три награди за најдобрите во категориите: концепт на колекција, моделизам и стилизам.

Прочитајте и...  Aктивисти на „Fridays For Future“ од Скопје беа задржани од полицијата во Министерството за животна средина (ФОТО)

Интернационалниот институт за мода „Изет Цури” од почетокот на своето постоење се фокусира на градење професионални кадри кои ќе бидат оспособени да работат во модната индустрија по стандардите на високата мода, притоа подигнувајќи ги самите стандарди во модата во Македонија и регионот. Благодарение на остварените врски со модни куќи во странство, избрани студенти на оваа модна школа од Скопје имаат можност дел од своето студирање да го поминат во странство, како стажанти во модна куќа.

Прочитај повеќе

Бабовски: На располагање нови средства за модернизација и развој на рибарството и аквакултурата во земјава

Слободен печат

„Независне“: Контејнери полни со кокаин фатени на патот кон БиХ

Слободен печат

Ангеловска: Инвестиции во луѓе, технологии и ефикасна администрација за посилно темпо на економски раст

Слободен печат

Скопје: За една недела отстранети 218 непрописно паркирани возила

Слободен печат

Самка Ибраимоски предложен за пратеник од ПЦЕР

Лекарите во Вухан ќе бидат сместени на крузери

Слободен печат

Остави Коментар

17 − тринаесет =

Прочитај повеќе

Делумно примирје меѓу САД и талибанците

Слободен печат

На „сивата листа“ се најдоа нови седум земји

Слободен печат

Борче Мирчевски – колекционер и мајстор за олдтајмери

МИА

Еве како изгледа најдолгиот железнички тунел кој наскоро треба да биде отворен (ВИДЕО)

Војислав Мојсовски

Прва жртва на коронавирус во Италија

Слободен печат

Сандерс: Русија подобро да не се меша во американските избори

Слободен печат