Годишен извештај на „Репортери без граници“: Речиси 400 новинари во светот се зад решетки

Годишниот извештај на „Репортери без граници” открива зголемување на произволните апсења поврзани со здравствената криза, како и зголемување на бројот на уапсени жени новинари.

Бројот на приведени новинари ширум светот на крајот на 2020 година изнесува 387, и покрај зголемувањето на произволните апсења во врска со здравствената криза, според годишниот извештај на „Репортери без граници“ (РСФ) објавен денес во Париз.

Како и во 2019 година, кога „Репортери без граници” забележаа 389 затворени новинари заради вршење на својата професија, пет земји учествуваат со над пола од нив (61 отсто), укажува невладината организација во својот извештај. Кина е лидер со 117 затворени новинари (професионални или не), пред Египет (30), Саудиска Арабија (34), Виетнам (28) и Сирија (27).

– И жените, „сè побројни во професијата, не се поштедени, осудува генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делуар, цитиран во соопштението за печатот. Според извештајот, 42 од нив „во моментот се лишени од слобода”, во споредба со 31 во 2019 година (+ 35 отсто).

Вкупно, 17 беа „ставени зад решетки” во текот на годината од кои четворица во Белорусија, центар на „невидена репресија откако” беше реизбран Александар Лукашенко.

Невладината организација, која ја лансира „Опсерваторијата 19″, посветена на ова прашање во март, регистрира „повеќе од 300 инциденти директно поврзани со новинарско покривање на здравствената криза” помеѓу февруари и крајот на ноември во кои учествуваа скоро 450 новинари.

– Самоволното апсење претставува „35 отсто од забележаните злоупотреби (пред физичко или морално насилство)”, „биле зголемени за четири пати” меѓу март и мај, се наведува во извештајот.

– Законите за вонредни состојби или мерките донесени” во повеќето земји за да ја задржат пандемијата „придонесоа” за „задржување на информациите, објаснува РСФ.

Покрај тоа, „најмалку 54 новинари во моментот се заложници” во Сирија, во Јемен и во Ирак, нивниот број падна за 5 отсто за една година. Невладината организација идентификува и четворица новинари кои се пријавени за исчезнати во 2020 година, додека во 2019 година не биле забележани нови случаи на исчезнување. Тие се од Блискиот исток, субсахарска Африка и Латинска Америка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот