Годинава заборавете на летниот одмор и на полните плажи

Фото: EPA-EFE/JEROME FAVRE

Нема да има нормален одмор оваа година со полни плажи. Ниту во Европа, ниту во кој било регион во светот. Ова го изјави германскиот министер за надворешни работи, Хајко Маас, по видео-конференцијата со неговите колеги од ЕУ, цитиран од „Дојче веле“.

– Оваа година нема да има нормална летна сезона со полни плажи и полни колиби на планините. Тоа би било неодговорно. Покрај тоа, големите собири се забранети до крајот на август – рече германскиот министер за надворешни работи Хаико Маас за време на видео-конференцијата со колегите од Австрија, Швајцарија, Луксембург и Лихтенштајн.

Бројот на починати во Германија расте пребрзо, велат експертите од Институтот „Роберт Кох“. По презентацијата на новите податоци, стана јасно дека секој пациент со ковид-19 инфицира во просек уште едно лице.

И по видео-конференцијата со неговите колеги од ЕУ, Маас во интервју за германската „АРД“ во доцните часови на 22 април рече дека „одморот во странство би бил привремено невозможен“.

Нема сигнали дека ќе се укинат забраните за патувања, рече министерот. – Нема причина да се релаксираат патните ограничувања и повторно да се овозможи одморот во странство“.

– Постојат ограничувања за патувања низ целиот свет и ние сè уште ќе се занимаваме со прашањето кога да ги откажеме. Но, во моментов, нема што да се каже дека такво нешто ќе се случи наскоро – рече германскиот министер.

Многу летови се суспендирани, границите се затворени, наметнати се забрани за излез.

– Додека тоа не се промени, ограничувањата за патување во странство нема да бидат укинати – рече Маас.

– Нема да има нормален одмор оваа година со полни плажи. Ниту во Европа, ниту во кој било регион во светот – вели министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот