Годинава забележан раст на вкупните кредити од 6,6%

Ваквата состојба се должи на зголеменото кредитирање како во корпоративниот така и во секторот домаќинства, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

НБРМ ги објави статистичките податоци за месец јуни кои се однесуваат на растот на депозитите и вкупните кредити како во јавниот сектор така и во секторот домаќинства.

Според податоците на оваа институција во месец јуни е забележан раст на вкупните депозити на месечна основа, што според експертите се должи на растот на депозитите на двата сектори.

Додаваат дека поизразен придонес во растот на депозитите во шестиот месец од годинава имал корпоративниот сектор.

Во однос на годишната стапка растот е проценет на 8,4%, и во него поголемо учество е регистрирано на депозитите на домаќинствата.

Раст е забележан и кај вкупните кредити на месечна основа, со нешто поизразено учество на корпоративниот сектор.

Годишниот раст на вкупните кредити изнесува 6,6% и се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорните побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, согласно со регулаторните промени според одлуката на Народната банка, кај вкупните кредити е забележан раст од 7,9%, на годишно ниво.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот