Годинава тешко дека ќе се отворат преговорите и за Македонија и за Албанија, вели Вархеји

Годинава тешко да се започнат преговорите за ЕУ и за Албанија и за Македонија рече европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, во Европскиот парламент, за време на дебатата за состојбата на Западен Балкан – 25 години по Дејтонскиот договор.

Тој зборуваше во Комитетот за надворешна политика на Европскиот Парламент.

-Во поглед на Македонија и Албанија, морам да признаам дека сè уште имам надеж, но се помалку надеж дека ќе успееме да ја донесеме таа одлука годинава, да ја утврдиме преговарачката рамка за двете земји. Но, вложуваме многу енергија со германското претседателство да се обидеме тоа да се случи. Да ја искористам приликата која ја имам пред парламентите кои учествуваат во оваа дебата, директно или индиректно да ни помогнат да постигнеме решение за ова, затоа што мораме да донесеме решение по ова прашање, во спротивно Европската Унија го ризикува кредибилитетот доколку да не го испорача даденото ветување кога ги започнавме преговорите со двете држави. И исто така, Македонија треба да направи дополнителни напори да излезе во пресрет со бугарските стравувања и да се обиде да најде решение кое е еднакво прифатливо за двете земји, рече еврокомесарот за соседска политикаи проширување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот