Годинава субвенции за велосипеди и електрични тротинети и за младите на возраст од 15 до 29 години

велосипеди
Велосипеди, Фото: Архива

Град Скопје планира годинава да дава субвенции за електрични тротинети и велосипеди наменети за млади од 15 до 29 години. Со предложените одлуки, кои треба да се најдат пред советниците на седница на Советот на Град Скопје што ќе се одржи во среда, всушност треба да се определи максимален износ за доделување на поединечна субвенција, која за велосипеди би требало да изнесува 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари по лице. Максималниот износ за поединечна субвенција за купување електричен тротинет е утврдена исто така во износ од 50 отсто од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

За надомест за купување на електрични тротинети во Буџетот на Град Скопје за 2022 година, се обезбедени 500.000 денари, додека за субвенции за велосипеди за млади луѓе од 15 до 29 години се предвидени 1.000.000 денари.

Во образложението на предложените одлуки се вели дека сообраќајот продолжува да биде значаен извор на емисија на високи количества загадувачки супстанци во воздухот. Најголем удел во емисијата на азотни оксиди има согорувањето на горивата во моторните возила. Во утринските часови, со интензивирањето на сообраќајот во Скопје, концентрацијата на азотните оксиди се зголемува.

Затоа, Град Скопје со овие одлуки сака да ги стимулира младите луѓе од Скопје да користат електрични тротинети и велосипеди, што претставуваат еколошки превозни средства и се дел од алтернативниот урбан превоз.

Градот Скопје, во зависност од динамиката на пристигнување на барањата на јавниот повик, периодично ќе ја известува јавноста за преостанатите средства, се до нивно целосно искористување. Исплатата на средствата ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, се до исполнување на предвидениот буџет за оваа намена – се вели во образложението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот