Годинашната суша во Европа најлоша во изминатите 500 години

Суша во Италија, пресушува реката По / Фото: EPA-EFE/Pierpaolo Ferreri

Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија предупреди дека сушата што моментално ја погодува Европа, може да биде најлошата во изминатите 500 години.

Андреа Торети, виш истражувач во Центарот, истакна дека според моменталните податоци, што не се конечни затоа што годината не е завршена, се чини оти сушата ќе биде полоша од таа од 2018 година.

Според неговото мислење, тоа што најмногу предизвикува загриженост во наредните три месеци е големиот ризик од екстремно сушен период во централна и западна Европа.

Сушите особено ги погодија реките во Европа. Така, нивото на водата на Рајна предизвика големи проблеми во Холандија. Меѓу најпогодените реки е По во Италија. Водостојот на реката во текот на јули беше на најлошо ниво во изминатите 70 години. Реката По наводнува една третина од земјоделското производство во Италија.

Поради суша, без питка вода во Франција останаа над 100 општини. Премиерката предупреди дека државата се соочува со најголемата суша забележана некогаш во земјата. Во Холандија, исто така, е прогласен официјален недостиг на вода.

Климатските промени годинава особено се одразија во Велика Британија, каде, според официјални податоци, јули бил најсушен од 1935 година.

Резервоарите за вода во Шпанија, поради сушата, се исполнети само до 40,4 отсто од нивниот капацитет. Тоа е за 20 проценти помалку од просекот во изминатите десет години за овој период. Официјални лица повикаа да се ограничи употребата на вода, особено во регионот на Андалузија, што е еден од најголемите производители на храна во Европа.

Властите во Португалија пријавија дека над 1000 смртни случаи во земјата се поврзани со високите температури. Здравствениот институт Карлос Трети процени 510 смртни случаи.

Голем проблем во Европа годинава предизвикаа и пожарите. Особено се опустошени подрачјата на југоисточна Франција и Шпанија. Поради пожари, земјите во еден момент мораа да евакуираат над 15 000 свои жители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот