Гоца Тржан по третпат на вештачко оплодување: „Немам големи очекувања“

Гоца Тржан/Instagram
Фото: Инстаграм/Гоца Тржан

Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ се обидуваат да добијат дете, а по Нова година Гоца Тржан третпат ќе отиде на вештачко оплодување.

Гоца последнивге шест години се обидува да забремени, а сега отворено прозборе за својата борба за потомство.

„Третпат одам на вештачко оплодување. Морам да кажам дека немам големи очекувања. Ќе видиме што ќе биде, знам само дека нема да паѓам во депресија, ниту да се стресувам ако ни овој пат не успее“, рекла Гоца за Информер.

Пејачката веќе двапати била на вештачко оплодување и не се откажува од својата борба за потомство.

„Неможноста за раѓање и зачнување во овие времиња е како епидемија. Тоа е она што луѓето треба да го сфатат и некако да се позабават со тој проблем. Мое мислење е дека се потребни редовни прегледи, што порано да се проба со инсеменација, да се средат гормоните и другите работи што не функционираат“, објаснила Гоца.

Гоца од првиот брак ја има ќерката Лена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот