Гоца Тржан ги разнежни мајките со емотивна порака упатена за нејзината ќерка! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Популарната пејачка е горда мајка на девојче по име Лена која е веќе на прагот да стане тинејџерка.

Изгледа како да поминале неколку месеци, а не дури 12 години откако пејачката Гоца Тржан на свет ја донесе својата ќеркичка. Таа на својот инстаграм-профил на многу симпатичен начин го сподели тој факт.

„Каде исчезна оваа мала бубица од десна страна, што толку среќно гледа во својата прва симпатија од градинка Душан Даниловиќ, кога порасна и зошто толку ми недостига? Толку работевме на тоа да стане самостојна и своја, да сега онака себично и родителски жалам што сепак не остана само моја. Те сакам ќерко“, напиша мама Гоца под сликата.

https://www.instagram.com/p/B5AIHhAJNd6/

Пораката упатена кон нејзината маза ги разнежни нејзините следбеници, посебно оние на кои им е познато ова чувство, а помеѓу нив се и нејзините колешки кои исто така имаат ќерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот