Гоца на својот профил на Инстаграм објави заедничка фотографија со ќерката Лана, а во описот открила дека за време на породувањето и бил загрозен животот.
– Пред 13 години во ова време се подготвував да те донесам на свет, беше мирна и не ти се брзаше и дури во 20:05 за првпат го слушнав твојот глас и ги видов твоите очи. Заплака само два пати и потоа те ставија покрај мене и само те гледав. Не чуствував ниту болка, ниту страв што докторите кренаа паника околу мене за да ми го спасат животот, само гледав во тебе – напишала пејачката во објавата.
– Исто така те гледам и денеска, со гордост, со љубов, понекогаш со кривица дека нешто не правам како што треба… И ќе грешам, сигурно. Единствено во што сум сигурна е дека засекогаш ќе те сакам, дека ќе бидеш мојата најголема радост и најголема болка и дека секоја твоја прегратка ќе ме прави најсреќна во универзумот – додала Гоца.
– Драга моја Лено, среќен роденден, добродојде во тинејџерската доба, биди ни секогаш здрава, среќна и внимателна, а сепак полна живот и љубов за другите… Знај дека си моја до крај на времето, дека твоето срце чукаше под моето и поради тоа сме засекогаш поврзани и во радост и во болка. Те сака твојата мајка – завршила Тражан во пораката на Инстаграм.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 227, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.4.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber – интервју со Викторија Рангелова-Петровска, в.д. директорка на Драмски театар Скопје: Десетте новопримени актери се новото театарско гориво – …
Сашо Орданоски и Борјан Јовановски во новото издание на подкастот „Политиканти“ се занимаваат со неколку меѓусебно поврзани политичко-економски теми, каде редовен зачин е актуелната кампања за претседателските и парламентарните избори, која е толку бесмислена што ако не е човек новинар би немало причина зошто да ја следи, а сите други би биле пресреќи ако изборите …