Гоца Тржан едвај врзува крај со крај поради пандемијата: Народов е среќен за тоа што естрадата нема од што да живее!

Фото: Инстаграм

Познатата српска пејачка Гоца Тржан неодамна призна дека поради пандемијата на коронавирусот едвај врзува крај со крај, а сега јавно ги искритикува сите на кои им е драго, како што самата вели, поради тоа што естрадата е во тешка финансиска ситуација.

– Гледам дека нашиот народ е многу среќен и задоволен што естрадата нема од што да живее. Ете, барем некому и среќа да му донесеме со сопствената несреќа – напиша пејачката и предизвика лавина од бурни реакции.

Голем број твотерџии ѝ порачаа дека естрадата заработува многу повеќе од другите луѓе и дека поради тоа не ги жалат што не можат да настапуваат и да заработуваат големи суми на пари.

– Пред коронава, вие имавте можност за неколку настапи да заработите колку еден просечен работник за две години. Така што совршено ме боли уво за музичарите. Уште и спортистите да почнат да се жалат дека имс е намалени платите. Живеете многу подобро од 99% луѓе на Балканот, така што тишина – е само еден од коментарите на објавата на Гоца.

– Вака: јас прва се пос*ав на сите од естрадата што кукаат, како што сега им е се*ам на тие што ликуваат – додаде пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот