Гоце се расфрлаше со вегета, сега падна во притвор за марихуана

Гоце „Вегета“ Цветановски, кандидатот за градоначалник на Охрид од ТМРО/ Фото Youtube Screenshot

СВР Охрид поднело кривична пријава против 40-годишниот Г. Ц. од охридското село Подмолје, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис.

Неофицијално, станува збор за Гоце Цветановски,  кандидатот на ТМРО за градоначалник на Охрид на локалните избори.

Цветановски стана хит во медиумите и социјалните мрежи, по дебата на ТВ 24, кога кандидатите за градоначалници за Охрид ги претставуваа своите кампањи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот