Гоце Георгиевски започнува тренерска кариера

фото: Слободен печат/Драган Митрески

Македонскиот ракометар Гоце Георгиевски започна нов предизвик се впушта во тренерските води.

Како што објавија од ракометниот клуб Рисови Скопје, 36-годишниот Георгиевски ќе биде дел од нивните младински категории како член на стручниот штаб.

Георгиевски е ракометар кој зад себе има големо искуство со многу настапи за репрезентацијата на Македонија од која се пензионира пред неколку месеци.

Сега крилото на Вардар ќе има можност своето искуство да го сподели со младите ракометари кои се на почетоците на своите кариера. Во кариерата Георгиевски го носеше дресот уште на Металург, францускиот Феникс и ЦСМ Букурешт од Романија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот