ГОБ „8. Септември“: За прв пат во регионот вградено вештачко рамо со помош на 3Д испечатен инструментариум

Во ЈЗУ ГОБ „8. Септември“ во Скопје за прв пат во регионот во петокот беше извршена операција на вградување на вештачко рамо со помош на 3Д испечатен инструментариум, создаден за специфичниот пациент.

Станува збор за операција за врадување на вештачки рамен зглоб која ја извршија д-р Ненад Петков и д-р Александар Каревски, соопштија денеска од оваа болница.

Иако вградување на вештачки рамен зглоб е веќе рутинска операција во ГОБ „8.
Септември“, во конкретниот случај беше невозможно да се имплантира ендопротеза со
стандарден инструментариум, поради тешките оштетувањата на зглобот од претходна
повреда.

Со помош на 3Д принт технологијата од страна на лекарите беше дизајниран и
изработен персонализиран инструментариум кој им овозможи да го постават имплантот
прецизно во посакуваната позиција, значително го скрати времетраењето на операцијата и ги намали ризиците од истата.

Повеќе детали за оваа операција ќе бидат обелоденети на утрешната конференција за медиуми која ќе се одржи во ГОБ „8. Септември“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот