Го знаат лекот за смртоносната болест, но ретко кој го зема

Лекари / Фото: МИА

Туберкулоза, болест која се лекува, секоја минута убива тројца, а иако повеќето луѓе мислат дека нашата медицина успеала да ја искорени, тоа е далеку од вистината.

Според податоците на Светската здравствена организација, туберкулоза уште се наоѓа во топ пет најчести причинители на смрт кај луѓето, позади болестите на срцето, мозочниот удар, инфекција на долниот респираторен тракт и хронични опструктивни болести на белите дробови.

Секоја година од туберкулоза умираат околу 1,7 милиони луѓе, а според проценките на СЗО, дури 10 милиони луѓе заболеле од оваа болест во 2017 година, додека 1,6 милиони од нив умреле.

Туберкулозата е водечкиот заразен убиец, а дури 1,8 милијарди луѓе во светот се носачи на бактеријата која ја предизвикува таа опасна болест, пишува Њујорк Тајмс.

Иако се лекува, туберкулозата и денеска останува епидемија, а дури третина од заболените не добиваат здравствена заштита.

Светот е во очајна потрага за пронаоѓање на нови начини на спречување и лекување на туберкулоза. Иако лекови за сузбивање на инфекциите постојат, режимите на терапии траат месеци и луѓето често не ги довршуваат до крај, што ги прави безуспешни.

– На туберкулозата и се дава премало внимание и ја игнорираат, занемарена е до скандалозна мера – рекол д-р. Ричард Чаисон, професор по медицина.

Еден од предизвиците е да се препознае кои се тие кои требаат да ја примат превентивната терапија, бидејќи секое трето лице во светот е домаќин на бактеријата, а кај секоја десетто лице ќе се развие болеста.

– Најголем проблем е да се идентификуваат тие 10 отсто. Немаме добар показател кој би ни покажал кој од овие инфицирани луѓе може да стане болен и заразен – вели д-р. Елиуд Вандвало, координатор за туберкулоза во Глобал Фанд.

Во изминатата деценија, научниците смислиле две помали терапии: лек наречен рифампин, кој се зема секој ден за време на четири месеци или комбинација на изониазид и рифапентин, која се зема еднаш неделно во траење од три месеци.

Алтернатива се појавила во март 2019 година, кога д-р. Чаисон и неговите колеги направиле истражување кое покажува дека режимот на изониазид и рифапентин, кои се земаат секој ден во траење од еден месец, е подеднакво ефикасен во превенција на туберкулоза.

– Да откриевме нешто такво за ХИВ, што ја намалува смртноста за 37 отсто, СЗО би повикале вонредна конференција и би било препорачано да се дава на целиот свет. Кога се работи за туберкулоза, луѓето само ги креваат рамениците. Живееме во непоколеблив свет на пракса која никогаш не се менува, спори сме во прилагодба, спори во промените, спори во еволуцијата – рекол д-р Чаисон.

Трошокот е, исто така, уште една препрека. Едномесечната и тримесечната терапија се потпираат рифапентин, кој е произведен од Санофи. Во 2013 година, по долгогодишна кампања за смалување на трошоците, Санофи ја спуштиле цената на рифапентинот во тромесечната терапија од 71 на 32 долари. Но, за многу тоа е и понатаму прескапо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот