ГО ЗАПОЗНАЛ НА фетиш сајт, па го КАСТРИРАЛ, а кога полицијата влегла во неговиот стан откриено е уште нешто ПОБИЗАРНО

Еден 74-годишен маж од Флорида е уапсен за кастрирање на маж кој го запознал преку онлајн фетиш сајт за евнуси, навела полицијата.

Гери ван Рисвик, кој немал лекарска лиценца ниту некогаш студирал медицина, кастрирал 53-годишен маж во неделата вечер, една недела откако го запознал на сајтот eunuch.com, страница посветена на луѓе кои имаат фетиш кастрации.

Полицајците од округот Хајландс интервенирале откако е повикана службата за итни ситуации.
Полицијата дошла во куќата на Рисвик каде тој им рекол дека само што извршил кастрација на човек. Потоа ги одвел полицајците во собата каде неговата жртва, маж од Тампа лежел со пешкир преку препоните и обилно крварел.

Властите соопштиле дека неименуваниот човек итно е префрлен во болница и дека моментно е во стабилна состојба.

Според полицискиот извештај собата во која бил најден мажот била како импровизирана хируршка сала со медицинска опрема и лекови против болка.

Ван Рисвик на полицијата и рекол дека тој и неговиот „пациент“ разговарале за процедурата на сајтот eunuch.com. На жртвата наводно и рекол дека има искуство со кастрирање на бикови и други животни додека работел на фарма.

Полицијата соопштила дека Ван Рисвик во 2012 година сам си го отстранил едниот тестис.
Ван Рисвик исто така им рекол на властите дека се обидел да изврши постапка на жртвата една недела претходно, а дека претходно веќе кастрирал еден човек во локален мотел пред неколку години, а и таа процедура тргнала на лошо па и тој морал итно да биде префрлен во болница.

Уапсен е во понеделникот и обвинет за нанесување на физички повреди и практикување на медицина без лиценца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот