ГО ЗАПОЗНАЛ НА фетиш сајт, па го КАСТРИРАЛ, а кога полицијата влегла во неговиот стан откриено е уште нешто ПОБИЗАРНО - Слободен печат

ГО ЗАПОЗНАЛ НА фетиш сајт, па го КАСТРИРАЛ, а кога полицијата влегла во неговиот стан откриено е уште нешто ПОБИЗАРНО

Еден 74-годишен маж од Флорида е уапсен за кастрирање на маж кој го запознал преку онлајн фетиш сајт за евнуси, навела полицијата.

Гери ван Рисвик, кој немал лекарска лиценца ниту некогаш студирал медицина, кастрирал 53-годишен маж во неделата вечер, една недела откако го запознал на сајтот eunuch.com, страница посветена на луѓе кои имаат фетиш кастрации.

Полицајците од округот Хајландс интервенирале откако е повикана службата за итни ситуации.
Полицијата дошла во куќата на Рисвик каде тој им рекол дека само што извршил кастрација на човек. Потоа ги одвел полицајците во собата каде неговата жртва, маж од Тампа лежел со пешкир преку препоните и обилно крварел.

Властите соопштиле дека неименуваниот човек итно е префрлен во болница и дека моментно е во стабилна состојба.

Прочитајте и...  Арсовска во Истанбул: 12 светски жени лидери со пораки до Владите на глобално ниво

Според полицискиот извештај собата во која бил најден мажот била како импровизирана хируршка сала со медицинска опрема и лекови против болка.

Ван Рисвик на полицијата и рекол дека тој и неговиот „пациент“ разговарале за процедурата на сајтот eunuch.com. На жртвата наводно и рекол дека има искуство со кастрирање на бикови и други животни додека работел на фарма.

Полицијата соопштила дека Ван Рисвик во 2012 година сам си го отстранил едниот тестис.
Ван Рисвик исто така им рекол на властите дека се обидел да изврши постапка на жртвата една недела претходно, а дека претходно веќе кастрирал еден човек во локален мотел пред неколку години, а и таа процедура тргнала на лошо па и тој морал итно да биде префрлен во болница.

Прочитајте и...  Најмалку 40 Американци евакуирани од крузерот „Дајмонд Принцес“ се заразени со коронавирус

Уапсен е во понеделникот и обвинет за нанесување на физички повреди и практикување на медицина без лиценца.

Прочитај повеќе

Кина и Јапонија одложуваат важни настани поради коронавирусот

Слободен печат

Дали плаќате со пари или картичка? Еве што не тера да трошиме

Слободен печат

Николовски: На Македонија и е потребна стабилност и мир – новото раководство на ВМРО- ДПМНЕ наметнува еден друг стил на однесување

Слободен печат

На Водно викендов изречени 76 казни за непрописно паркирање

Слободен печат

Британските болници преземаат нови мерки – подготовка за можна епидемија на коронавирусот

Слободен печат

Зеќири: Отворени сме за предизборна коалиција со албански партии

Слободен печат

Остави Коментар

4 × оне =

Прочитај повеќе

Југозападниот дел од Гевгелија денеска седум часа без струја

Слободен печат

Имаме 536 пожарникари помалку од законските потреби

Слободен печат

Како грчките медиуми известуваа за распуштањето на македонското Собрание

МИА Агенција

Зеќири: И покрај притисоците донесовме Закон зад кој стојат САД и ЕУ

Слободен печат

Кинески весник тврди дека Си Џинпинг знаел за епидемијата на коронавирусот неколку недели пред јавноста

МИА Агенција

Јовановски: Партиите да се тргнат од популизмот – да се насочат кон пот и солзи

Слободен печат