Го запираат развојот на спортот, наидовме на игнорантски однос

Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет, за активностите и случувањата, до спортската и пошироката спортска јавност го дава следното соопштение:

– Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет, во изминативе денови имаше средби со челниците на Македонскиот олимписки комитет во насока на уредување на односите и состојбите во олимпискиот спорт во Република Северна Македонија, во кои се наталожиле и го запираат развојот на спортот во изминативе дваесетина години.

За жал, Иницијативниот одбор наиде на неприфаќање и игнорантски однос, поради што нема и конкретни резултати и подготвеност за соработка.
Затоа, Иницијативниот одбор за уредување на односите во Македонскиот олимписки комитет, за иницијативата го запозна Меѓународниот Олимписки Комитет, Владата на Република Северна Македонија и Агенцијата за млади и спорт и побара од Македонскиот олимписки комитет, согласно Олимписката повелба, законот и Уставот на Република Северна Македонија, да закаже Вонредно легитимно Собрание на Македонскиот олимписки комитет, со барање мнозинството на Собранието на Македонскиот олимписки комитет да биде составено од федерациите од олимписките спортови.

Во прилог на Соопштението, ја доставуваме и Иницијативата и барањето за Вонредно легитимно Собрание на Македонскиот Олимписки Комитет, побарано и поддржано од: Боксерската, Атлетската, Боречката, Спортско Стрелачката, Карате, Бадминтон, Кајакарската, Пинг-понгарската, Шаховската, Велосипедската, Мечувалечката, Коњичката, Едриличарската, Триатлонската, Скијачката, Одбојкарската, Хокеарската и Спортско качувачката федерација, со определба спортот во Македонскиот олимписки комитет да го водат и креираат спортистите и спортските работници.

Инцијативата е поддржана и од голем број на национални спортски федерации од неолимписките спортови, олимпијци, врвни спортисти и спортски работници –

– ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР –
Атлетска федерација на Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот