„Го закопав во црна вреќа, не ми дадоа ни да го пресоблечам“: Болната приказна на Сања, чиј сопруг почина од ХИВ

илустрација

Сања живее со своето семејство во едно мало место во Србија. Таа го изгубила својот сопруг после 19 години тешката борба со ХИВ вирусот.

„Мојот сопруг беше татко и маж за пример, семејството секогаш му беше на прво место. Никогаш немаше повишено тон, половина град дојде на неговиот погреб. Но, не ни дозволија да го испратиме како што му доликува, наместо тоа го закопаа во црна вреќа. Не ни знам што е полошо: што го загубив сопругот или што и понатаму морам да молчам за тоа и да ги лажам роднините од каде излезе таа црна вреќа.“ , изјавила Сања за BBC на српски.

Со ваква неправда се соочиле и многу други семејства кои закопале член на семејството што имал ХИВ вирус или СИДА.

Сања била во брак скоро 40 години. Има две деца и внуци. Кога дознале дека сопругот е позитивен на ХИВ вирусот, веднаш се тестирале сите.

„Само тој беше ХИВ позитивен. Ги научивме децата да внимаваат и никогаш немавме никакви проблеми со тоа. Јас секогаш го бричев, внимателно и со ракавици. Тој беше многу педантен, сакаше да биде среден и намирисан“, раскажала Сања.

Откако починал сопругот на Сања, таа била известена дека нема право да го „среди“, ниту пак да го однесе дома како што се прави во некои места во Србија според обичаите.

Поради таа причина центарот за сексуално и репродуктивно здравје, покренал иницијатива да се промени нееднаквоста кога станува збор за погребување на лица со ХИВ вирусот.

„Нив не ги спремаат за погреб, не ги облекуваат, туку само во црни вреќи ги погребуваат. Не ги почитуваат желбите на починатите, ниту пак на нивните семејства. Ваквата постапка ги повредува семејствата на починатите, но и ги згрозува лицата кои живеат со вирусот.“ рекол Бранислав Прокиќ од „Потент“ за BBC на српски.

„ХИВ инфекцијата НЕ се пренесува преку воздухот, туку со контакт на слузокожата или повредената кожа преку крв, вагинален секрет или семена течност на инфицираната личност. Тоа значи: со незаштитен сексуален однос, употреба на дрога од туѓи „алатки“ и од мајката на бебето, преку пирсинг, тетоважа, употреба на туѓиот прибор за лична хигиена“, изјавила докторката Билјана Беговиќ Вуксановиќ.

Таа додала дека за погребување на заболените би требало да се врши истата процедура како и за сите други, бидејќи лекарите и онака често не знаат од што починала некоја личност.

„Кога правилно би се користеле алатките за обдукција и подготвување на починатите тела, тогаш не би требало да постои никаква дискриминација“, вели докторката.

Примерот на Сања на почетокот изгледал како издвоен случај на дискриминација, но семејството на Клиниката за инфективни болести во Белград, добила информација дека тоа се случува веќе долги години и никој не успеал да го промени досега.

Семејството се надева дека со нивната побуна ќе покренат барем малку свест и ќе сменат нешто во врска со овој недоличен начин на погребување на лицата со ХИВ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот