Го загуби мечот, па рекетот го фрли преку трибините! (ВИДЕО)

фото: твитер

Досега многу се зборуваше за контроверзните потези, реакции на Ник Кирјос, нов австралиски тенисер се најде во центарот на вниманието.

Помалку познатиот Акира Сантилан (22) тешко дека ќе успее да ја привлече публиката поради тениските квалитети, а уште помалку поради инцидентот кој го приреди на еден меѓународен турнир.

За Сантилан се слушна во текот на квалификациите за минатигодишниот грен слем „Вимблдон“ кога пропушти две меч топки, а потоа загуби од Белгиецот Рубен Бемелманс.

Акира излезе од теренот, и еден по еден, ги кршеше своите рекети!

Повторно Сантилан дава пример како не треба да се реагира во текот на мечевите, на челенџерот во Ленстон на мечот со сонародникот Дејн Свини му испадна рекетот додека сервираше.

Рекетот одлета дури до мрежата, а потоа и со сите сили настрада. На крајот кога го загуби мечот, рекетот го фрли преку трибините!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот