Го усмртил братучедот со нож, а потоа си ги пресекол вените

Фото: илустрација

Доцна синоќа, безживотно тело на 42-годишен маж е пронајдено во бар во улицата Милева Мариќ во Нови Сад.

Околу 22 часот, на повик на полицијата, дежурните лекари од новосадска амбуланта излегле на терен, но тие можеле да ја констатираат само смртта на човекот, а според првите претпоставки, неговото безживотно тело беше во тој бар неколку дена.

Според неофицијални информации, 42-годишникот бил прободен со нож, а полицијата се сомнева дека негов братучед го убил на 3 јуни. Убиецот по злосторството со својот автомобил се возел до викенд-населбата Камењар, која се наоѓа во близина на Дунав во Нови Сад, и таму си го одзел животот пред три дена, пресекувајќи ги вените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот