Го удрил со автомобил, па избегал: Загина велосипедист на патот Кичево-Гостивар

Фото: МИА / илустрација

Велосипедист загинал вчера во 13:35 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар, во близина на каменоломите.

Како што информира МВР, патничко возило удрило во велосипед управуван од 66-годишниот О.А. од село Врапчиште, гостиварско, и потоа го напуштило местото на незгодата.

Смрт констатирал лекар, а Јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на незгодата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот