Го убила струја додека играл на мобилен

Фото: Профимедиа

Младо момче загинало од струен удар откако заспал играјќи игри на мобилниот телефон, кој се полнел додека тој лежел во креветот, пишува Дејли мејл.

Састра Мо-ин од Тајланд е пронајден мртов минатиот петок, а неговата тетка за медиумите открила дека го пронашла како лежи во креветот држејќи ја раката покрај кабелот на кој го полнел уредот, а на кој се гледале траги од оган. Таа тврди дека веднаш ја исклучила струјата, па повикала полиција.

„Мојот внук поминуваше многу време во креветот играјќи игри на уреди кои се полнеа покрај креветот. Многу пати го имав видено заспан, додека уредите уште беа вклучени во струја“, рекла таа.

Полицајците брзо стигнале во куќата, но момчето веќе било мртво. Како причина за смртта се наведува „струен удар предизвикан од мобилен телефон“.

Веста за неговата смрт доаѓа само неколку дена откако 14-годишно девојче во Казахстан почина, бидејќи батеријата на мобилниот кој го држела на перницата експлодирала додека таа спиела. Нејзиниот мобилен исто така бил приклучен на полнач, а се претпоставува дека прегреал за време на полнењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот