ГО ТЕПАЛЕ ДО СМРТ ЗОШТО ЈА КРИТИКУВАЛ ВЛАДАТА: Четиричасовна агонија на студент од Бангладеш

Фото: Профимедиа

Студент во Бангладеш беше убиен во студентски дом во неделата, неколку дена откако ја критикувал владата на земјата на социјалните мрежи. Според изјави на сведоци, Абрар Фахад го тепале неколку часа пред тој да почине, објави британски Би-Би-Си.

Студентите кои живеат во близина на собата на Фахад велат дека тој околу 20 часот бил изнесен од неговата соба и бил тепан најамлку четири часа. Лекарот кој ја работел аутопсијата на 21-годишниот студент потврдил за медиумите дека неговото тело имало многу повреди.

Неколку членови на бангладешката Чантра лига (БЦЛ) – подмладок на десничарската владеачка партија Лига Амави – се приведени, откако полицијата ги поврзала со смртта на младиот студент по инженерство.

Ова не е прв ваков случај во Бангладеш, а групата на млади десничари БЦЛ често пати е обвинувана дека се врши тортура и насилство врз студенти кои не се согласуваат со нивните мислења. Според Би-Би-Си, голем број на студенти често пати се принудуваат да одат на митинзи, а претепувањата и насилството врз оние со различни мислења е многу вообичаено.

Се верува дека политичките партии во Бангладеш ги користат студентите како свое главно оружје, и иако на партиите не им е дозволено да имаат официјални студентски движења, нивното постоење е неспорно.

Студентските организации во земјата излегоа на улиците во близина на универзитетот во Дака, во знак на протест за убиството на Абрар Фахад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот