Го спасиле откако три дена поминал во поплавена подземна гаража

фото Миа

Бројот на жртви во поплавите се искачи на 58, откако во вторникот градот Женгџу беше погоден од рекордни дождови.

Ли Јонгшенг од централниот дел на Кина е спасен откако три дена поминал заробен во поплавената подземна гаража. По исушувањето на ходникот на истото место каде што е пронајден Ли, пронајдени се и четири тела, јави кинеската државна телевизија, пренесува Блиц.

Бројот на жртви во поплавите се искачи на 58, откако во вторникот градот Женгџу беше погоден од рекордни дождови.

Спасувачите со булдожери и гумени чамци евакуираат жители на подрачја кои сѐ уште се под вода.

 

Видео на денот