Го собори Гинисовиот рекорд: Ова е најпопуларниот музичар на светот

Instagram
Фото: Принтскрин - Инстаграм

Канадскиот пејач, текстописец и актер, „Д’ Викенд“ го сруши Гинисовиот рекорд и стана најпопуларниот музичар на светот. Неодамна тој стана првиот изведувач којшто постигна 100 милиони слушања месечно на „Спотифај“. Наведуваат дека никој друг не е ниту близу до успехот на пејачот на спомнатиот стриминг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)


Имено, 33-годишниот музичар поставил два светски рекорди – пејач којшто месечно има најмногу слушатели на „„Спотифај“ и првиот уметник којшто некогаш успеал да има 100 милиони слушатели месечно на стримингот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Weeknd (@theweeknd)

„Blinding Lights“  е најслушаната песна на „„Спотифај“ на сите времиња, со над 3,47 милијарди прегледи, пренесува „CBS News“.

Музичарот на почетокот на 2020 година објави спот за оваа песна, а досега на Јутјуб прегледан е над 691 милиони пати. Само два месеци по објавувањето на песната таа била во топ 100 песни на листата на „Билборд“.

Неговата песна „Starboy“ исто така е една од најслушаните песни на сите времиња на „Spotify“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот