ГО СЛАВЕЛЕ БОГОТ НА МУДРОСТА И НА СРЕЌАТА КОГА ТРГНАЛО НА ЛОШО: Повеќе од 30 верници се удавиле во Индија, славејќи го Ганеш! (ВИДЕО)

Повеќе од 30 хиндуистички верници се удавија во реки и езеро за време на верски прослави во Индија, соопштија денеска локалните власти.

Најмалку 11 верници се удавиле кога нивниот чамец се превртел за време на верска прослава на езеро во централна Индија, соопшти полицијата.

Локалните медиуми информираат дека уште 18 луѓе се удавиле во реки во шест градови во државата Махараштра.

За време на верски церемонии четворица верници се удавиле во реката Јамуна во Њу Делхи.

Хиндусите го слават роденденот на богот Ганеш, кој е симбол на мудрост, просперитет и добра среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот