Го шокираше светот со порака од 30 секунди: Меркел покажа зошто е лидер на место (ВИДЕО)

Германската канцеларка за само 30 секунди упати силна порака до граѓаните.

Во време на пандемијата веќе се истакна со лидерство кое ги наведе граѓаните на САД, но и германските европски соседи да посакаат сличен тип на политичар во својот „двор“. Сега повторно одржа лекција по лидерство.

Откако им се извини на претствниците на германските медиуми за доцнењето (поради состанок со кабинетот), канцеларката Меркел за само 30 секунди упати силна порака, но пред се јасна и концизна порака до граѓаните за заканата од коронавирусот.

„За мене е многу важно да го свртам вниманието на фактот дека влегуваме во нова фаза од пандемијата и дека поради тоа ќе биде потребно покрај попуштањето на мерките да имаме еден вид сигурност дека луѓето и натаму ќе се држат до основните обврски: држење дистанца и носење маски во знак на внимание кон другите луѓе. Тоа е многу важно“, рече Меркел, се заблагодари за вниманието и си замина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот