Го сакате Ивце-Пивце? Еве, па видете, како може дете и човек да не го сака!

Ивица Маринковиќ алијас Ивце Пивце цели две ипол (и кусур) децении се дружи со нашите деца, преку различни емисии, едукативни и образовни проекти, а пишува и книги за деца. Баш годинава излезе од печат неговата втора книга за деца насловена „За можење можам, но дали смеам“.

– Ич не си се променил, – заклучивме при средбата со Ивица.

– Косата ми обеле, а сум „собрал“ и по некој килограм плус, – се мајтапи тој. -„Може ли да ме направите поубав додека ме снимате?“

И веднаш ти е јасно дека човеков си остана искрен, отворен и „цепки“. Ете, затоа човек не може, а да не го сака.

А зошто го сакаат децата? Поради неговата вродена навика да ги третира како луѓе, да разговара со нив како да се рамноправни, и секако, да ги засмејува. Кој не сака да се смее на природен начин, од среќа и задоволство, а не од она „скокотни ме, па јас ќе се насмејам“ кое е сепрусутно околу нас денес.

Па така, косата на Ивица му оседела, во ред сме со тоа, ама затоа, пак, љубовта на нашите деца кон Ивце Пивце, не доживеа промени во колоритните нијанси. Останува врската која не седее.

Поводот за нашиот муабет со Ивица е неговата нова емисија насловена „Ивце Пивце и другарите“ која ќе почне да се емитува од оваа недела.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот