Го сакате Хари Потер? Ова се места кои морате да ги видите ако патувате во Лондон

profimedia

Голем фан сте на Хари Потер, а наскоро патувате за Лондон? фотографијата од перонот 9 и 3/4 не е единствениот „волшебнички“ спомен

Освен што е Лондон инспирација на авторката Џ.К. Роулинг за создавање на цел еден свет во кој главната улога ја толкува еден од најголемите волшебници во светот, Хари Потер, голем број сцени се снимиле во овој град па не нè изненадува фактот дека обожавателите од цел свет тука пристигнуваат за да ја осетат таа магија.

Во продолжение ви претставуваме неколку места кои ниеден обожавател не смее да ги заобиколи при престојот во Лондон.

Не доцнете на перонот 9 и 3/4

Покрај фотографиите од португалската библиотека Лело, фотографијата од перонот од каде Хари Потер и неговите колеги заминаа за училиштето за волшебници Хогвортс, има најголема популарност што не нè изненадува, затоа што, верувале или не, тука се спојуваат сите „магични“ светови – на станицата Кингс Крос, меѓу пероните 9 и 10. Има прилично долг ред пред оваа туристичка атракција, но вреди да се чека бидејќи фотографијата со куферот на Хари е непроценлив сувенир.

Преноќите во Визард хотелот

Може да го искусите комплетното доживување на сместувањето на волшебниците ако преноќите во волшебничка соба. Собите се сокриени зад полици полни со книги. Целата атмосфера е како од 19-ти век.

Испијте чај на пладне во местото „Cutter & Squidge“

Ако сакате да испиете волшебна напивка и да проверите како делува тогаш ова место е како создадено за вас. Во „просторијата за напивки“ ќе облечете волшебничка наметка и ќе го подигнете волшебното стапче. Може да се препуштите на препораките за напивки од учителите – волшебници или сами да си направите напивка.

Купете си сувенирче од „Миналима“ 

Едвардо Лима и Мирафоро Мина се славни графички дизајнери кои потпишуваат голем дел од визуелниот дизајн на волшебничкиот свет на Хари Потер. Во нивната продавница во Сохо, можете да се почастите со постери, мапи и бројни други сувенири.

Истражете го студиото „Хари Потер“

За сите вистински обожаватели на историјата на Ворнер Брос, ова ќе биде незаборавно искуство – местото каде цели 10 години се снимале најголем број на сцените од филмовите. Тука, може да ја посетите и забранетата шума, или да го истражите Министерството за магија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот