„Го сакам Водно“ до Арсовска и Шилегов: Водно е нешто кое никој не смее да го предаде

Фото: Граѓанско здружение „Го сакам Водно“

Водно е секој ден сè поблиску и поблиску до бетонирање на својата иднина. Ако навистина се искрени во ветувањата за Водно, кандидатите за градоначалник на Скопје треба да покажат дека се спремни и да ги исполнат, апелираат од граѓанското здружение „Го сакам Водно“.

– Така, на само два дена пред молкот за изборот на нов градоначлник, ги повикуваме кандидатите Петре Шилегов и Данела Арсовска не само да се обврзат, туку и да направат чекор повеќе кон Водно како гаранција дека нивните намери за вистински и целосно заштитено Водно се искрени, стои во нивното соопштение.

Како што велат тие, заложбите и апелите за носење на севкупна и функционална заштита на Водно на врвни и докажани ескперти од шумарстовто, хидролгоијата, инженерството, просторното планирање, клучни државни институции, видни професори и преку 32 граѓански здруженија, не успеаа да ја спречат Одлуката која отвара врата за негово брзо урбанизирање и уништување.

– Сепак, заедно успеавме да се избориме за мала искра за спас, префрлајќи ја тежината во Градот, но неопходна е итна и брза реакција на оној кој ќе освои трката за градоначалник: Потребата од правилно зонирање на Водно е евидентна, а Градот е единствената инстанца која тоа може да го иницира и спроведе, укажуваат оттаму.

Според нив, Градот треба да ги направи овие работи:

  1. Да започне итно изработка на Просторен План на Водно како простор од посебен интерес! Тоа ќе овозможи правилно ЗОНИРАЊЕ на Водно, наспроти она предвидено во Одлуката.
  2. Toj да се додели на изработка во Агенцијата за планирање на простор, каде што експертизата преку строго дефинирани методологии ќе ги преклопи сите значења и вредности на Водно и ќе наметне режим на заштита за секоја предвидена Зона.
  3. Паралелено да се иницира постапка за носење на СПЕЦИЈАЛЕН ЗАКОН ЗА ВОДНО во Собрание. Овој Lex Specialis ќе претставува гарант за правилното Зонирање на целата територија на Водно, соодветниот режим на заштита и ќе ги замрзне сите можни активности и носења на други планови, вклучувајќи ги и Планот за управување и урбанистичките планови или проекти, сé дури не се донесе Просторен План за Водно, како план од највисок ред.

Од граѓанското здружение очекуваат идејна, драфт верзија на Специјалниот Закон. Исто така, очекуваат запознавање со можностите, потребните чекори и ресурси (време и пари) неопходни за Агенцијата да започне постапка за Просторен План на Водно.

– Покажете дека вашите намери се искрени. Повлечете потег кој ќе помогне Водно да не бидне само едно убаво минато, туку вистинска заштита на градот и жителите. Повелете, докажете дека тоа го можете, велат тие.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот