ГО РАЗБУДИЛ ТАТКО МУ, ПА ГО ИСКАСАПИЛ: Синот му пресуди на еден од најбогатите луѓе во Нови Пазар

Дваесет и петгодишниот син е уапсен поради сомнение дека со нож го искасапил својот 60-годишен татко, Неџиб Качар, некогашниот најбогат човек во Нови Пазар, пренесува Курир.рс.

Телото на Качар било пронајдено ноќта помеѓу неделата и понеделникот пред неговиот дом. Убиениот бизнисмен на вратот и по телото имал видливи повреди нанесени со нож.

За време на сослушувањето, осомничениот го признал злосторството.

– Постојат сомнежи дека синот во понеделникот околу два часот по полноќ, со нож во рацете, затропал на вратата на својот татко, кој живеел еден спрат под него. Кога сонливиот Неџиб ја отворил вратата, синот почнал да го боди во вратот и градите. Тешко ранетиот Неџиб почнал да бега кон приземје, каде живееле родителите на неговата сопруга. Паѓал, станувал и викал за помош, на крај паднал во дворот, каде искрварил – рекол за медиумот човек добро запознат со случајот.

Тој додал дека синот ладнокрвно се вратил во станот, за потоа да им се придружи на останатите членови на семејството кои се обидувале да му помогнат на Неџиб.

– Во решавање на случајот, за полицијата дополнителен проблем било тоа што во текот на ноќта повеќе лица влегувале и излегувале од зградата на Качар, бидејќи во неа имало неколку станови. Мотивот за убиството не е познат, но се претпоставува дека во прашање се долгогодишни расправии меѓу членовите на семејството. Убиениот бил со години во лоши односи со блиски лица, а пред неколку години пукал во куќата на сопругата, која го оставила. Поради тоа и лежел во затвор – рекол изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот