„Го провоцираме ѕверот“- Ослабените струи на Атлантскиот океан ќе ја сменат светската клима

атлантски океан
ФОТО: Pixabay

Водата во Атлантскиот океан постојано циркулира во сложена шема што влијае на временските услови на неколку континенти. Научници се прашуваат: „Дали овој огромен систем, кој ја вклучува Голфската струја, се забавува поради климатските промени?“.

Доколку би се случиле големи системски промени, последиците би можеле да бидат ужасни, со потенцијален побрз пораст на нивото на морето на источниот брег на САД и Европа, посилни урагани кои би се движеле до југоисточниот дел на САД, намалени врнежи во делови од Африка и промени во тропските монсуни системи.

Откриени се рани предупредувачки знаци дека овој критичен океански систем е во опасност во новата анализа во научното списание „Nature Climate Change“.

„Ова постепено забавување на циркулаторниот систем е поврзано со губење на стабилноста“, вели Никлас Бурс-истражувач, „и се приближува до точка на пресврт во која нагло ќе премине во многу побавна состојба“.

„Го провоцираме ѕверот. И навистина не ја знаеме реакцијата што ќе ја предизвикаме“, вели Алекс Хол, директор на „Центарот за климатски науки на Универзитетот во Калифорнија“.

Извот: „The New York Times“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот