Го прослави голот со порака: Сè ќе биде добро, останете во своите домови! (ФОТО)

фото: твитер

Фудбалерот на италијанскиот калчолигаш Франческо Капуто веднаш дотрча до клупата и зема хартија со веќе подготвена порака поврзана со коронавирусот.

Денеска во рамките од 26. коло во најсилната италијанска фудбалска лига во натпреварот одигран пред празни трибини убедливо со 3:0 триумфираше над Бреша.

Моментно на табелата после деветтата победа сезонава во Серија А екипата на Сасуоло е на 11 позиција со 32 бодови, додека Бреша останува на последната 20 позиција со 16 бодови.

Мечевите во шампионатот на Италија се играат зад затворени врати поради епидемијата на коронавирусот, а во меѓувреме и Италијанскиот олимписки комитет побара да се прекинат сите спортски настани до 3. април.

Домашната екипа на Сасуоло дојде до предност во 45. минута, откако реализираше Франческо Капуто кој веднаш потоа дотрча до клупата и зема хартија каде што веќе имаше подготвена порака поврзана со коронавирусот.

– Сè ќе биде добро, останете во своите домови!

Капуто двапати се запиша во листата на стрелците на оваа средба, а еден беше дело на интернационалецот од Брегот на слоновата коска, Бога.

Претходно беше објавено дека Италијанскиот олимписки комитет донесе одлука да бидат прекинати сите спортски активности во државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот