Го промовира ли Заев Ковачевски за нов мандатар?

заев гаши
Средба Заев-Гаши / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Впечатливо е дека на средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, Заев е во друштво на Димитар Ковачевски, кого некои медиуми го споменуваа како можен нов претседател на СДСМ и иден премиер.

Од друга страна, Гаши е придружуван од Беким Сали, кој пак важи за еден од предводниците на крилото во Алтернатива кое е против влез на партијата во Владата.

Предмалку во Клубот на пратениците започна средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на опозициската Алтернатива за можен влез на таа партија во Владата и окрупнување на парламентарното мнозинство со плус четири пратеници.

Почна средбата Заев Гаши за можен влез на Алтернатива во Владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот