ГО ПРОМЕНИЛЕ ИНДЕНТИТЕТОТ: Уапсени најбараните европски бегалци

Фото: Принтскрин

Властите на Брегот на Слоновата Коска синоќа соопштија дека уапсиле двајца најбарани европски бегалци, осудени на доживотен затвор поради убиство на еден Британец во Белгија во 1996 година.

Жандармеријата на африканската држава соопшти дека во средата и четвртокот во Абиџан се уапсени  Французинот, Жан-Клод Лакот и Белгијанката, Хилде ван Акер.

Лакот и Ван Акер првично беа уапсени во Белгија поради убиство на бизнисменот Маркус Мичел, но тие беа ослободени поради недостиг на докази и побегнаа во Јужна Африка.

Во 2011 година осудени се во отсуство на доживотен затвор, а во Белгија беа ставени на листата најбарани лица.

Властите на Брегот на Слоновата Коска истакнаа дека Лакот и Ван Акер го смениле идентитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот