Го прободел 15 пати, па му го пресекол вратот: Грозоморно убиство во Србија

Српската полиција откри детали за грозоморното убиство во српскиот град Инѓија пред два дена. Обдукцијата на телото на Јован Радојчевиќ (53), кој неговиот сосед Раде Рутаљ (55) брутално го уби на денот кога го изгуби спорот за дворска меѓа, покажа дека жртвата е прободена дури 15 пати, објави „Србија данас“.

Истрагата покажува дека Рутаљ, откако го изгубил спорот, започнал да пие и во алкохолизирана состојба го начекал Радојчевиќ и му задал смртоносни рани со нож.

– Кога Јован се појави на улицата и влеза во својот автомобил, убиецот истрча надвор и веднаш го нападна. Несреќниот човек се обидел да побегне, успеа да излета од автомобилот, но тој го стигна, насилно го бутна на оградата и му ги пресече вратот. За интензитетот на нападот говори и крвта по целиот коловозоз во должина од неколку метри – вели соговорник на српски „Телеграф“.

Радојчевиќ и Рутаљ биле први соседи, кои делат заедничка ограда. Раде го тужел Јован бидејќи сметал дека соседот му влегол половина метар во дворот. Јован ангажирал геометри, кои утврдиле дека ситуацијата всушност е сосема спротивна и судот на кобниот ден ја отфрлил пријавата на Раде.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот