Го преживеа пожарот во авионот во Москва, а сега сите го мразат (ВИДЕО)

Русинот Дмитриј Хлебушкин, кој ја преживеа стравична авионска несреќа во Москва во неделата,, преживеаните патници го обвинија дека спречил брза евакуација  од запалениот авион на „Аерофлота3.

Тој наводно седел на местото 10Ц и го напуштил авионот со својата торба, што е крајно необично со оглед на тоа дека авионот горел.

Нападите врз него започнаа на интернет форумите, откако беше најдена и снимка на која се гледа дека го носи ранецот со себе при напуштање на авионот.

Експертите велат дека би имало помалку жртви доколку евакуацијата се одвивала со побрзо темпо. Загрижувачки за нив било тоа што некои патници ги изнесувале своите торби од авионот, а некои дури снимале и како изгледа внатрешноста на авионот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот