Го прашаа Алвеш кој треба да ја добие „Златната топка“, со одговорот ја воодушеви планетата

Според Дани Алвеш, Кристијан Ериксен заслужува да ја освои „Златната топка“/Фото: EPA/ANDY RAIN

Бразилскиот фудбалер Дани Алвеш е само еден во низата познати личности кои зборуваат за „Златната топка“…

Во Париз се одржа церемонија на доделувањето на наградите во изборот на „Франс Фудбал“ кој традиционално го избира најдобриот светски фудбалер. Овој пат во конкуренција за признанието се најдоа Лионел Меси, Роберт Левандовски, Жоржињо, Карим Бензема, Мохамед Салах …

Но, доколку го прашате Алвеш, искусниот Бразилец кој неодамна се врати во Барселона, претпоставката е заслужена – Кристијан Ериксен. Данецот, потсетуваме, колабираше за време на Европското првенство минатото лето и сè уште не му се вратил на фудбалот.

Беше член на Интер, но нема да се врати во Серија А, бидејќи има поставено дефибрилатор на срцето.

– Мислам дека Ериксен ја заслужи „Златната топка“ оваа година поради тоа што го помина. Тоа би била силна порака за целиот фудбалски свет, луѓето би имале поголема чувствителност. Меси е најдобар, тој веќе беше 20 години, но убаво би било за сите што Ериксен ја освои оваа награда.

Тоа би било можност да се испрати порака до младите луѓе дека фудбалот е многу повеќе од „Златна топка“, титула „најдобар“ или што било друго. Тоа е ризик што секој пат да трчаме на теренот и во секој момент може да настрадаме. Имав соиграчи кои загинаа играјќи фудбал. Кога ќе се случат такви работи, луѓето треба да имаат поголема чувствителност – рече Алвеш.

Интер донесе одлука во врска со Ериксен кој колабираше на Европското првенство

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот